Левиот бек на Работнички, велешанецот Тоше Ончев, кој со игрите оваа сезона во Суперлигата го сврте вниманието кон себе, од лето би можел да има ново интернационално искуство во кариерата.
Некогашниот член на Вардар, а сега на Работнички, има понуда од шпанскиот Ваљадолид, каде што тренер е екс „црвено-црниот“ стратег Давид Писонеро. Тој ги знае квалитетите на Ончев и посакува да го види во редовите на шпанскиот тим
Велешанецот се врати во Македонија по настапите за француските Вернуј и Бијер, како и грчкиот Фаикас Корфу и веднаш ја презема лидерската улога во Работнички. Оваа сезона одигра 18 меча во регуларниот дел и плеј-аутот и даде 159 погодоци.
По крајот на сезоната во Суперлигата, Ончев има понуда за краткорочен договор од Саудиска Арабија, каде што би требало да одигра во Купот за една од тамошните екипи.
Преземено од 24rakomet.mk
Можеби ќе ве интересира: