Привршуваат подготовките на спортската сала во ССОУ Коле Неделковски во Велес, во која од 25 мај ќе почне масовната вакцинација против ковид-19 на граѓаните на Велес, Чашка, Градско, Лозово и Свети Николе.
Утре и задутре тука ќе се изврши пробното вакцинирање, за да се утврди дали е се во ред и имунизацијата во овој нов регионален центар може да почне.
Предвидено е вакцинирањето на граѓаните да се одвива во две смени. Отворањето на овој пункт доаѓа по негодувањата на велешани, кои мораа да патуваат до Кавадарци за да се вакцинираат.
До денеска речиси 200 илјади граѓани во земјава примиле најмалку една доза вакцина продит ковид-19. Од нив 36.000 веќе добиле и втора доза.
Можеби ќе ве интересира: