Притвор за 29 годишен велешанец кој се заканувал на мајка му и баба му дека ќе ги убие

Osnoven sud Veles

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице на возраст од 29 години поради постоење на основано сомневање дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Осомничениот во два наврати ја загрозил сигурноста на своите мајка и баба. На 16.5.2021 година попладнето дошол дома и држејќи во раката нож се обратил кон мајка му велејќи дека ќе ја убие и неа и баба му и ќе ги расече ако не му даде пари. Тој употребувајќи кон оштетените вулгарни зборови, го скршил мобилниот телефон на неговата мајка при нејзиниот обид да го пријави во полиција. Потоа на 18.05.2021 година повторно постапил на истиот начин  со што ја загрозил сигурноста на оштетените при вршење на семејно насилство и го сторил продолженото кривично дело.

Agria

Имајќи предвид дека се работи за кривично дело кое е спротивно на моралните норми за семејните вредности и роднинските врски со оштетените, изразената настојчивост во неговото однесување спрема оштетените, до Судија на претходна постапка е поднесен Предлог за определување на притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес го прифати предлогот на обвинителството и на осоничениот му е определен притвор во траење од осум дена​.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: