Пулмологот Докиќ: Кај младите што починаа од Ковид-19, главен фактор беше дебелината

pulmolog Dokik
pulmolog Dokik

Пулмологот Д-р Дејан Докиќ вчера вечер во интервју за ТВ Сител, зборуваше за големата смртност од коронавирусот во земјава. Според Докиќ, смртноста кај било кој од пациентите, зависи од нивниот имунолошки одговор и нивниот имунолошки систем.

Zito akcija 640x289px

„Не секогаш се видливи одредени мали промени, дефекти во имунолошкиот систем, кој што се многу важни во вакви епидемии. Од 24-ти октомври до 24-ти април, 80 проценти од вкупното население, од сите позитивни случаи, се токму во овој период, што говори за силината и јачината на вториот бран. 70 проценти од сите смртни случаи од корона, од 24-ти април, исто така се должат на вториот бран“, вели Докиќ, додавајќи дека со британскиот сој, шансите за заразување биле од 40 до 70 проценти поголеми.

Agria

За тоа зошто многу млади лица починаа од коронавирусот, Докиќ истакнува дека секој од нас не знае каков имунолошки систем крие.

„Не е нешто што можете рутински да го испитате, со земање на крв и дали вие сте отпорни кај некои вируси или бактерии. Kај младите што починаа, гојазноста или обезноста, беше еден од факторите кои што укажаа дека е ризик фактор“, информира пулмологот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: