Ракометарите на Борец по втор пат сезонава се поразени од штипски Текстилец. Во рамките на 11 коло од плеј-аут групата во Првата лига, Текстилец беше подобар од Борец на свој терен со 26:23.
Во крајно неизвесен дуел, домаќините беа поснаодливи. Гостите од Велес го преку Миленков и Ристевски имаа водство во првите минути од 2:3, за да домаќините брзо се вратат во игра и поведат, водство кое не го испуштија до крајот на првото полувреме и го добија со 15:14.
Во вториот дел иста слика на теренот. Во 42 минута Борец изедначува на 18:18, и од тогаш се игра гол за гол. Трите гола во низа на домаќините во последните две минути беа пресудни за остварената победа.
Најефикасен во составот на Борец беше Јован Атанасовски со постигнати со шест гола, додека во екипата на Текстилец најефикасен беше Милисав Петров со осум гола.
Следен противник на младите ракометари на Борец е лидерот на плеј-аут групата во Првата лига екипата на Преспа.
Можеби ќе ве интересира: