Времето во земјава денеска ќе биде сончево со маја до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 15, а максимималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Според УХМР, во следните денови ќе преовладува значително топло време. До вторник ќе биде сончево и стабилно со локална облачност. Во вторник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со засилен јужен ветер.
Од среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а оваа нестабилност ќе се одржува и во четврток преку денот особено на истокот од земјата.
Можеби ќе ве интересира: