Велешанецот Гигов и ПАОК загубија во финалето на грчкиот ракометен куп

Gigov PAOK

Велешанецот Гигов и ПАОК сепак не го освоија трофејот во купот на Грција. Подобар од нив беше екипта на АЕК со резултат 24 : 22. Претходно во полуфиналето на грчкиот куп славеа против Филипос Верија со 34-26 .

Zito akcija 640x289px

ПАОК на овој натпревар влезе силно во натпреварот и нерешениот исход се одржуваше во првите пет минути од натпреварот, кога АЕК поминаа во водство со 4:2, имајќи ги за „соиграчи“ судиите на мечот, кои во 7-та минута, решија да го исклучат Лефтери Сеирекидис. Во тој момент ПАОК играше со четири играчи во поле, и покрај тоа, успеа да намали на 6-5. Сепак, противниците, искористувајќи ја ротацијата на „црно-белите“, го зголемија своето водство на 10:5. „Црно-белите“, заостанувајќи при резултат 13-9, конечно успеаја да ја намалат разликата на три гола, поставувајќи го резултатот на полувреме на 14:11.

Agria

Во вториот дел, играчите на ПАОК, со серија од 2:0, намалија на 14:13, а потоа и на 16:15. „Момците во црно-бело“, давајќи голем акцент на одбраната, ја одржуваа разликата од еден гол до 20:19, за да го израмнат резултатот на 20:20, а потоа и на 21:21. Израмнувањето се одржуваше до 22:22, потоа не возвратија на голот на АЕК, додека пеналот досуден за противникот на крајот ги формираше конечните 24:22.

Останува ПАОК и Гигов да возвратат во продолжението на плејофот, на кои сега го насочува своето внимание, бидејќи ПАОК го нема пoбедено АЕК од далечната 2018 година.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: