Фудбалерите на Тиквеш од Кавадарци приредија големо изненадување, кога попладнево во бараж натпревар за пополнување на Првата фудбалска лига, го совладаа фаворитот Силекс и освојувачот на Купот на Македонија го испратија во втора лига.
Силекс беше подобрар само во првите 30 минути, кога избраниците на Пане Блажевски се ослободија од притисокот и почнаа да се закануваат преку напаѓачкиот тандем Спахиу – Христов. Сепак, до полувремето мрежите мируваа.
– реклама –
– реклама –
Второто полувреме го донесе и најинтересниот момент, кога во 54 минута Спахиу ја затресе мрежата на кратовчани за водство на Тиквеш од 1:0. Иако Силекс се обидуваше да дојде до гол, до крајот кавадарчани знаеа како да се одбранат и по последниот свиреж на судијата да го прослават враќањето во елитниот македонски фудбал после 17 години.
Враќањето на Тиквеш во Првата македонска фудбалска лига бурно го прослави навивачката група „Лозари“.
Во вториот бараж натпревар, Ренова едвај успеа да го спаси прволигашкиот статус, победувајќи го Охрид на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2. Тетовчани два пати губеа, но на една минута до крајот израмнија, па психолошката предност во изведувањето на пеналите беше на нивна страна.
Можеби ќе ве интересира: