Реклама

Велешани од денеска се вакцинираат во својот град

Нема веќе патување до Кавадарци по вакцина, барем не за оние жители на Велес, Чашка, Градско и Лозово кои треба да примат прва доза. Од денеска за нив почна да работи регионалниот вакцинален пунк во Велес, сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“.

Zito akcija 640x289px

400 граѓани денеска примија прва доза од вакцината на Астра Зенека, иако властите најавуваа дека тука дневно ќе вакцинираат по 1500 граѓани. Причина за тоа е малиот број вакцини кои пунктот ги доби од Министерството за здравство.

Agria

„Како што ќе ги добиваме вакцините, така ќе ги зголемуваме термините. Очекуваме нови дози, овој пат на вакцините на Синофарм и штом ги добиеме очекуваме да почнеме да вакцинираме поголем број луѓе. Ние го отворивме овој пункт за да вакцинираме 1000 и повеќе граѓани на ден“, рече Никола Димовски, директор на Здравствен дом Велес.

Досега жителите на Велес и трите околни општини по вакцина мораа да патуваат 100 километри до Кавадарци и назад. Оние кои првата доза ја примија таму, се понадеваа дека втората ќе ја добијат во велешкиот пункт. Но, властите велат дека Кавадарци останува опција за втората доза. Незадоволен од ова е градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

„Апелирам да направат максимални напори и под итно во Велес да може да се вакцинираат сите граѓани и граѓанки кои првата доза ја примиле во другите градови“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес

Коцевски апелира здравствените власти да обезбедат поголем број вакцини за овој пункт. Тие пак најавија дека утре ќе испратат дополнителни дози од кинеската Синофарм.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21072/tikvesh-prvoligash-renova-edvaj-se-spasi/