Српските туристи летово ќе добијат 200 илјади електронски картички за бесплатна патарина во земјава

Patarina Sopot
Patarina Sopot

Владата на вчерашната седница во насока на ветувањето за ослободување на плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона, ја разгледа и усвои Информацијата  изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година.

Zito akcija 640x289px

„Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000,00 денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а  ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Република Северна Македонија преку Граничниот премин Табановце“, информира владината прес-служба.

Agria

Од Владата го задолжија Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, да ги врати на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија.

Премиерот Зоран Заев претходно ја најави ваквата мерка за српските туристи, како знак на благодарност за тоа што Србија на С. Македонија ѝ донираше вакцини против коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: