
Во американскиот град Минеаполис денеска со едноминитен молк беше одбележана годишнината од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаецот Дерек Шовин.
Сестрата на Флојд, Бриџит и градоначалникот Џејкоб Фреј, како и граѓани и активисти, исто така, присуствуваа на настанот „Стани и запомни го Џорџ Флојд“.
Видеото од инцидентот со убиството на Флојд на 25 мај 2020 година предизвика протести низ целиот свет. Поранешниот полицаец Шовин беше прогласен за виновен за убиство во април.
За време на апсењето, Дерек Шовин го држеше коленото на вратот на Џорџ Флојд повеќе од девет минути. Флојд е уапсен затоа што се обидел да купи цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари. Само неколку часа пред церемонијата на обележување на раскрсницата каде што беше убиен Флојд, се случи пукање во кое еден маж беше повреден.
Во судскиот процес за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, поротата донесе одлука според која поранешниот полицаец Дерек Шовин е виновен во сите точки на обвинението, а висината на казната уште не е позната.
Можеби ќе ве интересира: