Премиерно во Велешкиот театар претставата „Четири соби“

Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Четири соби“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Таа е прва премиера од сезоната 2021 „Да се почне одново“.  

Zito akcija 640x289px

Како што информираат од Театарот, претставата „Четири соби“ е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од 1995 година. Станува збор за четири приказни кои се случуваат во една новогодишна ноќ, сместени во четири различни соби на еден хотел.

Agria

Костимографијата и сценографијата за претставата се на Александар Ношпал, музички соработник е Сашко Костов. Улогите ги толкуваат: Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Симона Димковска, Зорица П. Панчиќ, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Исидор Јовановски и Благојчо Стојанов.

Премиерната изведба на претставата ќе биде според сите здравствени протоколи, а првата реприза е закажана в сабота, 29 мај, со почеток во 20 часот.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: