Реклама

Младите ракометари на Борец го совладаа лидерот Преспа

Borec Prespa

Младите ракометари на Борец му го нанесоа вториот пораз на составот на Преспа кој е лидер на Првата лига – плеј аут, со резултат 24:21.

Zito akcija 640x289px

По почетното водство на гостинскиот тим, Борец во 12 минута за прв пат поведе и го задржа водството до крајот на првото полувреме, кое заврши со 13:12.

Agria

Во првите 10 минути од второто полувреме домаќините постигнаа само еден погодок. Тоа го искористија ракометарите на Преспа и поведоа со 14:16. Сепак со подобра игра во одбраната, екипата на Борец успеа да се врати во игра, израмни на 20:20, а потоа беше постигнат гол за 21:20. Гостите од Ресен паднаа физички во последниот дел и дозволија домаќинот да триумфира на натпреварот.

Најдобар на теренот беше Кирил Миленков со 10 погодоци, а покрај него во домашниот состав се истакна голманот Велковски со осум одбрани. Кај гостите од Ресен најефикасени беа Филип Шиклевски со седум гола и Мишевски со шест гола.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21098/premierno-vo-veleshkiot-teatar-pretstavata-chetiri-sobi/