
Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италија и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск.
„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното ЕУРО 2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство“, објави Пендаровски.
Претседателот Пендаровски во Рим е придружуван од сопругата Елизабета, а таму се заедно со бугарскиот претседател Румен Радев за да ги чествуваат Светите браќа Кирил и Методиј.
„Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа и благосостојба на сите наши граѓани“, дополни Пендаровски по средбата со поглаварот на Римокатоличката црква, а воедно му се заблагодарил и на неговата посета во Македонија.
Можеби ќе ве интересира: