Еве зошто не треба да трупате лекови дома!

Filipce 26.03.2020

Не купувајте лекови непотребно и не правете залихи дома, лекови има доволно, апелираше утрово министерот за здравство Венко Филипче.

„Применувајте примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба. Почитувајте ги стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување. Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови домови. Лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства. Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствени систем, а со тоа и сите нас како граѓани на РСМ“, напиша министерот Филипче на својот фејсбук профил.

Agria

Филипче вчера откри дека лекарите во земјава почнале со новата терапија со за Ковид-19 кај двајца пациенти. Оваа терапија, која е комбинацијата којашто ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин, исклучиво се дава по препорака на лекар, никако да не се зема на своја рака.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: