Претседателот на ФФМ Муамет Сејдини вели дека никогаш не изјави оти германскиот производител на спортска опрема „Јако“ е виновен за грешката со бојата на дресовите на македонската фудбалска репрезентација за претстојното Европско првенство.
Сејдини денеска, при посетата на Велес и најавата за реконструкција на помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк, рече дека грешката е на ФФМ и дека за тоа ќе ќе одговара техничката служба во федерацијата.
„Ние таа грешка ја признавме. Тоа е наша грешка, на ФФМ и за тоа одговорност ќе преземат техничките служби внатре, така што таа работа се санира“, рече Сејдини.
На новинарско прашање зошто првично одговорноста ја префрли на производителот „Јако“, Сејдини демантира дека го сторил тоа.
„Не би кажал дека ‘Јако’ ја направи грешката. Ние пуштивме малку посветла боја од таа што произлезе како продукт, меѓутоа, на крајот на денот, треба да се признае грешката“, тврди Сејдини.
Тој и денеска остана на ставот дека нема да дозволи државниот врв да се сретне со репрезентативците на Македонија поради строгите протоколи на УЕФА.
Целата изјава на првиот човек на ФФМ Муамет Сејдини погледнете ја на видеото подолу:
Можеби ќе ве интересира: