
Полицијата на територија на СВР Велес вчера, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, изрече вкупно 78 мерки, меѓу кои 43 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење.
“Во текот на вчерашниот ден (03.06.2021) Секторот за внатрешни работи Велес спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 78 возачи. Од нив, 43 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а санкционирани се и други прекршоци”, соопштија од СВР Велес.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Можеби ќе ве интересира:
