Пукната водоводна цевка ги поплави дуќаните кои се наоѓаат под комплексот „Убавици“ во велешката Нова Населба. Дефектот се случи денеска, а вода тече долж целата главна улица „Благој Ѓорев“.
Екипи на ЈКП Дервен се на местото на настанот и работат на санирање на дефектот.
Текстот продолжува под рекламите
Дел од овие дуќани беа изградени пред десетина години, кога општинските власти дозволија да се пренаменат гаражи во деловен простор.
Дел од нив се наоѓаат под нивото на патот, па при дефект како денешниот, водата буквално ги преполнува со вода.
Дел од овие дуќани воопшто и не беа ставени во функција, но дел од нив се користат и се полни со стока за продажба. Очевидци велат дека штетата е голема.
Можеби ќе ве интересира: