
Од утре граѓаните ќе може да аплицираат за субвенции за вградување на плин во возилата. Според огласот на Министероството за економија сите граѓани коишто од утре ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.
За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму треба да извршат купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, по денот на објавувањето на јавниот повик во некои од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.
Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката, објаснува Бектеши.
Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на објавување и ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен”. Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во едно семејство.
Можеби ќе ве интересира: