На 07.06.2021 во 10,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с.Росоман, патничко моторно возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) од Велес, удрило во малолетен пешак од село Росоман, информира МВР.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Кавадарци.
Можеби ќе ве интересира: