Реклама

Соседна Грција од утре воведува нови мерки, како за домашните, така и странските туристи

Grcija na crvena lista

Во Грција во моментов сеуште важи обврската за носење маски, но земјата полека ги олеснува епидемиолошките мерки.

Zito akcija 640x289px

Заменик-министерот за цивилна заштита и управување со кризи, Никос Хардалис, рече дека новите мерки ќе стапат на сила на 12 јуни.

Agria

Од сабота, на 12 јуни, во угостителските објекти ќе биде дозволена музика во деловите каде што ќе присуствуваат гости, рече Хардалис.

Од утре полицискиот час ќе биде пократок и ќе почнува во 1:30 часот, наместо 00:30 како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика. Исто така, до крајот на јуни се очекува во Грција без ПЦР-тест да може да влегуваат децата до 12 години. Мерките кои важат во Грција се однесуваат како на грчките државјани така и на туристите.

За време на прес-конференцијата беа најавени други мерки, но тие главно беа насочени кон локалното население.

„Многу добро знаеме дека секоја наша небрежност може да биде фатална за многу други. Но, ние исто така многу добро знаеме како можеме да се справиме со тоа, како да се заштитиме себеси и сè што е околу нас. Набудувајќи ги санитарните мерки и протоколи, кои се наш штит уште од првиот ден на пандемијата, преку програмата за вакцинација и создавањето колективен имунитет, ќе можеме да ја оставиме зад себе оваа состојба“, додаде Хардалис.

Во Грција може да влезете со сертификат за вакцинација, а последната доза мора да биде аплицирана најмалку 14 дена пред пристигнувањето. Грција ги признава сите вакцини. Ако не сте вакцинирани како доказ може да прикажете и потврда дека сте прележале ковид-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од 2 до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21421/vo-stobi-ke-zapochnat-arheoloshkite-istrazhuvana/