
Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа повторно нема ниту нов случај на коронавирусот, нема ниту оздравени пациенти . Само двајца велешани се во статистиката на активни случаи.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од:
Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.
Регистрирани се 30 оздравени пациенти, пријавени се 2 починати лица: од Скопје (63г и 78г), двајцата се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.
Можеби ќе ве интересира: