Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температура. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.
Можеби ќе ве интересира: