Во текот на вчерашниот ден пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини на компанијата „Фајзер“ во земјава, потврдуваат од Министерството за здравство.
Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), велат од здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека денеска треба да пристигнат и 20.000 вакцини на АстраЗенека“.
Тој вели дека оваа донација е многу значајна за нас и изрази голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос.
„Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk“, додаде Филипче.
Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, потенцираат здравствените власти.
Можеби ќе ве интересира: