Денеска претпладне времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува да има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=7
Во наредните денови според УХМР во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота.
Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.
Можеби ќе ве интересира: