Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа регистриран е еден нов случај на коронавирусот, нема оздравен пациент . Бројот на активни случаи во градот е четири.
Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1.
Регистрирани се 72 оздравени пациенти, не се регистрирани нови починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.
Можеби ќе ве интересира: