Велешанец на 40-годишна возраст е една од жрвтвите на вчерашната сообреаќајна несреќа, која се случи на експресниот пат Штип – Кочани. Покрај него загина и 39 годишен битолчанец, кој го управувал возилото, кое директно се судри со возилото на велешанецот, вчера околу 14 часот.
Штипските пожарникари морале да ги сечат двете возила, за да дојдат до телата на загинатите. Според командирот на ТППЕ од Штип, Тони Атанасов, пожарникарите ги нашле двајцата возачи на воланот мртви. Совозачот од едно од возилата во кома е пренесен во Клиничката болница во Штип.
СВР Штип ги соопшти деталите за сообраќајката.
Текстот продолжува под рекламите
„На 20.06.2021 во 14.10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на нас.„Три чешми”, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола”, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39) од Битола и патничко возило „хонда ЦВ”, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Велес. Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата. Сопатникот од возилото „тојота корола”, Б.К.(30) од Кочани, се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип“, велат од полицијата.
Текстот продолжува под рекламите
Увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата, по што телата на почнатите се дадени на обдукција. Во периодот од 14.45 до 20.00 часот сообраќајот беше пренасочен по магистралниот пат Штип – Кочани.
Според очевидци, се работи за прилично широк дел од патот и нејасно е што се случило за овој силен директен судир, кој заврши со две човечки жртви.
Можеби ќе ве интересира: