Реклама

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ќе ги распише локалните избори

Talat Dzaferi

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. Тоа, како што рече на брифингот со новинарите, ќе зависи од информациите кога завршуваат мандатите на градоначалниците.

Zito akcija 640x289px

Ако се оствари најавата за 17 октомври како оптимален датум за првиот изборен круг, почетокот на кампањата би се совпаднал со последните денови од пописот кој што завршува на 30 септември, но, ако изборите се една или две недели подоцна на повеќето од актуелните градоначалници и советници веќе ќе им бидат истечени мандатите.

Agria

Според Изборниот законик, редовни избори треба да бидат распишани во последните 90 дена од мандатот на актуелните градоначалници и советници, но не повеќе од 70 дена пред истекот на мандатот. На половина од градоначалниците, како што вели Џафери, четиригодишните мандати им биле потврдени околу 18 октомври 2017 година, а на оние кои беа избрани во втор круг кон почетокот на ноември 2017 година.

„Кога ќе дојде време ќе пуштам писмо до ДИК во однос на роковите и мандатите на локалните власти и согласно тоа ќе донесам одлука кога ќе ги распишам и кога ќе се одржат локалните избори“, рече Џафери.

Тој уште информираше дека на 1 јули ќе започне комисиската расправа за ребалансот на Буџетот и во наредните десет дена нема да има пленарни седници, освен ако не излезе нешто итно. Дотогаш би требало да се одржи седница за една од интерпелациите што ги поднесе опозицијата.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21748/fk-borecz-gi-zapali-motorite-so-pet-novi-zasiluvana/