Во државата веќе неколку денови по ред се бележи тренд на намален број на новозаболени од Ковид-19. Во денешната статистика од Министерството за здравство беа регистрирани 10 новозаболени, а регистрирани се три починати лица. Бројот на активни случаи изнесува 241.
Вкупно 2.302 тестирања беа направени во текот на вчерашниот ден. Од 10 новозаболени, по двајца заразени се во Скопје и Куманово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по еден.
Во 11 општини, нема ниту еден активен случај: Неготино, Ресен, Берово, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица, Пробиштип, Дебар, Валандово, Богданци и Дојран.
Во неколку градови има само по еден активен случај: Кавадарци, Кочани, Штип, Струга, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Радовиш, Македонски Брод и Крушево.
Можеби ќе ве интересира: