Индискиот сој на вирусот ги врати маските и рестрикциите во Израел и во Португалија

Izrael maski

Носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор од денеска повторно е задолжително во Израел.

Zito akcija 640x289px

Одлуката е донесена откако во државата е регистрирано зголемување на бројот на лица заразени со новит коронавирус, иако повеќе од половина Израелци веќе примиле две дози на вакцина против ковид-19.

Agria

И Португалија ги враќа ограничувањата откако странски туристи предизвикаа зголемување на нови инфекции со ковид-19 само по еден месец откако се отвори државата за патувања. Новите мерки ќе бидат воведени во регионот на Лисабон и во туристичкиот Алгарве Албуфеира, познат по своите плажи.

Властите се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата што е можно повеќе за да се ограничи ширењето на инфекцијата. Повеќе од половина од случаите во Лисабон се од варијантата Делта, што е раширена во Велика Британија. Португалија беше единствената европска земја што се отвори за британските туристи со негативен тест против ковид-19.

Од 15 часот денеска  до 6 часот наутро в понеделник, луѓето мораат да покажат негативен тест или потврда за вакцинација за да влезат и да го напуштат Лисабон.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: