Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема оздравен пациент . Бројот на активни случаи во градот е пет.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје и Кичево – по 3, Битола, Штип и Дебар – по 1.
Регистрирани се 13 оздравени пациенти, регистрирани се 3 починати лица од: Две починати лица од Скопје (86г) и (70г) и едно починато лице од Тетово (65г). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233.
Можеби ќе ве интересира: