Многу топло време со натпросечни температури кои наместа ќе бидат над 40 степени ќе се задржи и утре. Во недела и понеделник ќе се намали за неколку степени, но од вторник повторно ќе биде во пораст и ќе достигне и до 42 степени.
Во текот на утрешниот ден максималната температура ќе се движи од 28 до 41 степен, во понеделник и вторник од 30 до 31 степен, додека во вторник од 32 до 40, во среда од 33 до 41 и во четврток од 33 до 42 степени.
Метеоролозите за попладнево најавуваат во планинските подрачја на север ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во
интервал од 33 до 41 степен.
Надлеѓниоте апелираат поради топлото време да се почитуваат општите мерки за заштита од здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.
Се препорачува останува повеќе во затворени простории, а при неопходен престој на отворен простор, да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор.
Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.
Moжеби ќе ве интересира: