Велес беше дел од светското одбележување на Денот на Алзас

Во организација на Асоцијацијата „Алзас – Македонија АЛМА“ предводена од Жак Шлеф, на 24 јуни годинава, во хотелот „Романтик“ свечено беше одбележан меѓународниот ден на францускиот регион Алзас, со кој Велес има 15-годишна соработка.

Zito akcija 640x289px

Претходно, делегација на Асоцијацијата „Алзас Македонија- АЛМА“ и француската организација „Надеж на истокот“ примпредадоа донација во медицинска опрема за велешани. Донацијата вредна околу 35.000 евра се состои во електрични медицински кревети за тешко подвижни и болни лица како и стоматолошка опрема.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

На свеченоста по повод Денот на Алзас, велешани директно се вклучија во онлајн програмата во Стразбур и се поврзаа со Франција, Канада и други земји во кои живеат и работат пријателите од Алзас.

Текстот продолжува под рекламите

„Досега се залагав за промоција на Велес во Алзас и во Франција, но од сега ќе се залагам за промоција на Велес во светот. Донацијата што денеска ја донесовме немаше само хуманитарен карактер. Нашата цел беше да го запознаеме Велес повеќе и срцето на Македонија. Сметам дека Велес и Македонија имаат вистински адути што светот треба да ги дознае. На овој начин, преку донацијата, видовме дека овде луѓето навистина не прифаќаат. Не прифатија нашите пријатели, работеа заедно со нас. И мислам дека успеавме да го донесеме европскиот дух што во Македонија е во зародиш а ние заедно ќе работиме за да го унапредиме, рече Жак Шлеф.

IMG_20210624_103511

На свеченоста градоначалникот Аце Коцевски ги поздрави сите Алзашани во светот и во името на велешанки и велешани им го честиташе Меѓународниот ден на Алзас. Во рамките на програмата богатиот македонски фолкор го претстави КУД „Коле Неделковски“, а присутните имаа можност за дегустација на пенливите вина од Алзас и вината на винариите „Шато Сопот“ и „Тристо“.

На „Вечерта на Алзашаните“ за преставник на Асоцијацијата „Алзас – Македонија АЛМА“ во Велес и во Македонија беше именувана Јадранка Стефкова, вработена во Општина Велес.

„Ме изненадија почитуваните француски пријатели со признанието што го добив. Тоа е плод на континуирана 15 годишна соработка со Асоцијацијата „Алзас – Македонија –АЛМА“. Се надевам дека во иднина ќе го оправдаме тоа признание со нови проекти и со нови активности. Навистина ова вредно пријателство не треба да згасне. Се надевам дека ќе вклучуваме што повеќе организации, луѓе, волонтери во нашите активности се со цел она што Жак Шлеф го кажа вечерва да го донесеме европскиот дух, духот на Алзас во Македонија“, рече Стефкова.

203911818_10219185120399192_6996336701655467576_n

На свеченоста покрај членовите на АЛМА присуствуваа и членовите на делегацијата на француската хуманитарна организација „Надеж од истокот“. Претставници од институции и организации во Велес, членови на Ротари клуб – Велес, професори по француски јазик како и француски државјани кои живеат во Велес имаа можност да се дружат и да разменат мислења и идеи за идни активности и проекти во духот на пријателството и успешната соработка која трае веќе 15 години.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21805/samo-eden-paczient-se-lekuva-od-kovid-19-vo-veleshkiot-kovid-czentar/