Велешки Борец го засилува нападот со Аргентинец. Се работи за 26-годишниот Гонзало Иван Зарате, кој доаѓа од редовите на Хувентуд Унида, која се натпреварува во аргентинската Примера Д. Во овој тим Зарате пристигнал од колумбискиот Бока Јуниорс де Кали, за кој има запишано и еден гол.
Зарате, кој покрај аргентинскиот има и италијански пасош, е напаѓач, кој може да игра и како играч за врска, но и како лево крило. Висок е 185 сантиметри, a според веб страницата rezultati.com, лани одиграл еден натпревар и постигнал еден гол.
Зарате е вториот јужноамериканец во редовите на Борец, по Бразилецот Фернандо Силва, кој го напушта Борец.
За каков напаѓач станува збор може да погледнете од видеото:
Moжеби ќе ве интересира: