Платежна картичка од 150 евра за сите млади кои ќе се вакцинираат

Grcka plaza
Grcka plaza

Младите во Грција кои ќе се вакцинираат против коронавирус наскоро нема да добијат само заштита против ковид-19 туку и платежна картичка во вредност од 150 евра, со цел државата да привлече што е можно повеќе луѓе на вакцинација.

Zito akcija 640x289px

Картичката ќе ги покрие трошоците за патувања и забава, како што се билети за авиони и траекти, резервации за хотели, музика, театар и кино, музеи и археолошки места.

Agria

За овој проект се издвоени околу 141 милиони евра. Владата се надева дека 60 проценти од вкупно 11 милиони жители на Грција ќе бидат вакцинирани до крајот на јули.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис забележа дека, освен што ќе добијат пари, луѓето мора да бидат свесни за ризикот што го претставува вирусот.

„Можеби помладите луѓе мислат дека нема да се заразат со коронавирусот или, ако го добијат, мислат дека нема да им биде многу лошо“, рече тој. „Но, тие тогаш се носители на вирусот и помагаат во неговото ширење“, рече тој.

Досега само 33 проценти од 11 милиони жители се целосно вакцинирани и поради тоа стравот од делта-сојот расте.

Грција релативно добро го помина првиот бран на пандемијата, но мораше да прогласи карантин во ноември поради големиот пораст на бројот на инфекции.

Со падот на бројот на заразени, минатата недела беше укинато задолжителното носење маски на отворено. Од вчера, целосно вакцинираните Грци можат да одат на работа или во фитнес-сала без да се тестираат.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: