Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема оздравен пациент . Бројот на активни случаи во градот е четири.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.216 тестирања, а регистрирани се 2 нови случаи на КОВИД-19 од Скопје.
Не се регистрирани оздравени пациенти. Не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223.
Можеби ќе ве интересира: