Реклама

Притвор за дилери од Велес

Droga Heroin

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Велес, на возраст од 51  и 41 година, поради постоење на основано сомневање дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Двајцата осомничени на 29.06.2021 година, во викендичка во Велес, по претходен заеднички договор неовластено заради продажба држеле наркотична дрога – хероин во количина од 93,09 грама. Еден од нив договорил преземање на дрогата од лице од Скопје и му дал на другиот осомничен пари во износ од 55.000,00 денари  за да ја преземе дрогата кај  м.в. Штипска петља. Откако тој ја донел дрогата во викендичката, осомничените заедно започнале да ја препакуваат во помали пакувања, за што користеле дигитална вага. Во моментот кога започнале со препакување на наркотичната дрога, пријавените се затекнати од страна на овластени полициски службеници од СВР Велес кои извршиле претрес во викендичката.

Agria

Јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот на обвинителството е прифатен, по што Судот на осомничените со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21934/vasil-vasilev-nov-trener-na-rk-radovish/