Реклама

Велешанката Марија Ѓорѓиева – Димова избрана за еден од најинспиративните факултетски професори

Професорката на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ во Скопје, велешанката Марија Ѓорѓиева – Димова е оценета како една од најинспиративните професори. На онлајн анкетата спроведена од академскиот портал „Факултети.мк“ нејзините студенти ја оценија како вистинска инспирација.

Zito akcija 640x289px

„Факултетската училница како парадигма за академски утврдениот интелектуален „дом“ во кој се случува секогаш благородната средба меѓу професорите и студентите беше заклучена поради неподобните услови во текот на последната академска година, професорката Марија Ѓорѓиева-Димова, искуството на ,,виртуелната училница“, за нас, студентите, и покрај сите предизвици со кои нѐ соочи новиот електронски посредуван наставен концепт, успеа да го нивелира со искуството на автентичната училница.

Agria

Нејзините методичност, темелност, секогаш организиран корпус на содржини, епистемиолошкиот и педагошки фокус во менторското следење на нашата самостојна работа, нашите резултати и академски развој во текот на годината придонесоа за успешно совладување на материјата по теориските предмети по книжевност, секогаш доследно проследена со внимателно и поткрепливо избран илустративен материјал и предлози на книжевни наслови како дополнителни менторски предуслови кои ветуваат проширување на хоризонтите на нашите интереси, пишуваат нејзините студенти”

Убедливо, најмногу пофалби доби проф. д- р Горан Илиќ, актуелен декан на Правниот факултет во Битола. Според анкетата, оригинални се пофалбите од студентите кога избирале најинспиративни професори, пренесува порталот. Меѓу другото, тие се оценети како кул професори кои работат како машина и според студентите, тие ќе им бидат пример до крајот на животот.

Целиот текст може да го прочитате тука:

https://www.fakulteti.mk/news/02072021/ovie-profesori-im-ostavija-najgolem-vpechatok-na-studentite

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21989/vo-veles-58-vozachi-kazneti-ja-prechekorile-propishanata-brzinata/