Реклама

Во Велес 58 возачи казнети, ја пречекориле пропишаната брзината

Policija kaznuva

За возење поголема од пропишаната санкционирани се 58 возачи во акциската контрола на територијата на СВР Велес што се спроведе вчера. 

Zito akcija 640x289px

“Во периодот од 09 до 15 часот на подрачјето на СВР Велес спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 58 возачи. Од нив 44 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место и 14 во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци” соопштија од МВР.

Agria

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21985/poraz-na-borecz-vo-prviot-kontrolen-natprevar/