Реклама

Промовирани две дела чиј ко-автор е велешанката проф. д-р Даниела Карадаков

Како да се менаџира сопствениот живот и кариера – на ова прашање одговараат двете книги „Личен менаџмент“ и „Практикум по личен менаџмент“ на проф. д-р Даниела Карадаков и проф. д-р Гордана Тасевска, кои на 30 јуни годинава, беа претставени на јавноста. Читателската публика, преку онлајн промоција, имаше можност да се поврзе со содржината и корисноста на овие две дела посветени на секого од нас.

Zito akcija 640x289px

„Учењето за личниот менаџмент претставува многу важна вештина која е основа за личниот успех. Ретко кој досега во македонскиот образовен простор посветил внимание на ефективното себеменаџирање. Повеќе се учи како да се менаџираат другите, отколку себе. Па токму поради се посветивме на креирање на овие дела“, велат авторките.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Проф. д-р Даниела Карадаков, која е една од авторките на делата, е родена и живее во Велес. Таа веќе 12 години работи како професор во наставната област „Менаџмент на човечки ресурси“ на „Бизнис академија Смилевски – БАС“, Скопје. Нејзиниот кариерен развој го бележат бројни достигнувања. Карадаков повеќе од осум години беше директор на БАС и за време на своето раководење на оваа високообразовна установа има добиено две значајни признанија – Признание за оживотворување на мисијата на БАС, добиено во 2015 година од страна на Основачите на БАС и Признание за најуспешна жена менаџер за 2018 година, добиено од страна на Агенција Марили, Скопје. Низ целиот свој кариерен и професионален развој таа истражува и пишува. Автор е на поголем број научни и стручни трудови, кои се објавени во домашни и странски публикации, како и научни трудови со импакт фактор.

Текстот продолжува под рекламите

„Сметам дека читателите ќе уживаат во личната себе-анализа и очекуваната трансформација и бенефит што треба да ги добијат по практикувањето на делата „Личен менаџмент“ и „Практикум по личен менаџмент“, рече проф. д-р Даниела Карадаков.

Издавач на делата е Бизнис академија Смилевски – БАС, Скопје од каде заинтересираните можат да ги набават.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22045/dimche-todorovski-nov-trener-na-lokomotiva-od-gradsko/