Д-р Лазаров: Велес да оди во седумдневен карантин

Доктор Ненад Лазаров предлaга Велес да се изолира на една недела, откако денеска министерот за здравство Венко Филипче изјави дека регистриран е уште еден случај на делта сојот кај маж од Велес.

„Велес треба да се изолира на недела дена, учете од Австралија“, напиша Лазров.

Zito akcija 640x289px
https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10221688448939698

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Денеска е потврден е четврти случај на заразен со делта сој на коронавирусот во нашата држава, а четири други лица се суспектни. Кај 43-годишен велешанец, кој веќе една недела е хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница, е изолирана индиската варијанта. Според епидемиолошката анкета која е извршена, велешанецот пред две недели се вратил од Англија, каде што најверојатно се заразил со вирусот. Тој има полесна клиничка слика.

Текстот продолжува под рекламите

„Новорегистрираниот со индиската варијанта се лекува во болницата во Велес и е со лесна клиничка слика. Од четирите суспектни на делта сојот, едниот е во лоша здравствена состојба, приклучен на респиратор, а три лица се со стабилна клиничка слика“, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: