Оружен инцидент со полицијата на патарина кај Велес,впериле пиштол кон полициски службеник

patarina sopot
patarina sopot

Во понеделникот вечерта околу 20 часот полициски службеници од СВР Велес ги уапсила 29-годишниот И.Д. и 42-годишниот П.Б., и двајцата од Прилеп, бидејќи кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес предизвикале инцидент со полициски службеници при што било употребено огнено оружје.

Zito akcija 640x289px

На 05.07.2021 во Велес од полициски службеници од СВР Велес лишени од слобода се И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп, бидејќи во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа.

Agria

Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: