Нови истражувања покажуваат кој е најзаштитен од делта сојот

koronavirus naucnici
koronavirus naucnici

Невакцинираните лица, нецелосно вакцинираните, односно лица со претходно постоечки коморбидитети се изложени на поголем ризик од заразување со делта-сојот на коронавирусот, покажува најновата голема студија спроведена од истражувачите од Индискиот совет за медицински истражувања и Националниот институт за вирусологија.

Zito akcija 640x289px

Од друга страна, новото истражување покажува дека лицата кои примиле една или две дози на вакцина имаат максимална заштита од делта-сојот.

Agria

Истражувачите го проучувале имунолошкиот одговор на пет категории луѓе: оние кои биле вакцинирани со една доза, оние кои биле вакцинирани со две дози на вакцини, оние кои преживеале ковид-19 и биле вакцинирани со една доза, оние кои прележале ковид 19 и биле вакцинирани со две дози вакцини и оние кои биле целосно вакцинирани, но во одреден момент се заразиле.

Според студијата, оние кои биле вакцинирани, а потоа заразени и оние кои го надминале ковидот и примиле една или двете дози на вакцината имале релативно поголема заштита од варијантата делта отколку оние кои никогаш не биле заразени, но биле целосно вакцинирани.

„Вакцинацијата резултира во поблага форма на болеста ако инфекцијата настане последователно, што укажува на тоа дека и хуморалниот и клеточниот имунолошки одговор имаат важна улога во заштитата“, се вели во студијата.

Исто така се додава дека достапните вакцини против Ковид-19 покажале ефикасност од 51 до 94 проценти во однос на оригиналниот вид. Досегашните податоци покажуваат дека природниот имунитет стекнат со надминување на болеста може да се зајакне со само една доза на вакцина, што значително би помогнало во заштита од делта-сојот, пренесува „Тајмс оф Индија“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: