Двајца велешани се уапсени ноќеска, бидејќи не го почитувале полицискиот час и се движеле во време кога тој е на сила.
Непочитување на полицискиот час имаше и во Кавадарци и Неготино. Во Кавадарци се уапсени тројца, а во Неготино двајца непочитувачи на полицискиот час.
Против сите нив СВР Велес ќе поднесе соодветни пријави.
„На 26/27.03.2020 година за време на полицискиот час поради непочитување на истиот од слобода се лишени две лица во Велес, три во Кавадарци и две во Неготино. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од велешката полиција.