Општина Велес во првите седум општини во државата по транспарентност

opstina veles
opstina veles

Општина Велес  повторно е помеѓу најтранспарентните институции во државата. Според резулатите на Индексот на активна транспарентност што го објавува „Центарот за граѓански комуникации“,  од вкупно 97 институции на државно и на локално ниво, Општина Велес е во првите седум заедно со Општина Кочани, во рангот на институциите со многу добра транспарентност.

„Се надевам дека ќе продолжиме да се одржуваме во овој највисок ранг на отворени и транспарентни институции во државата и дека ќе успееме и во иднина да бидеме пример за транспарентност и отчетност“, рече Коцевски.

Agria

Општина Велес е една од ретките општини која ги објавува  изводите од буџетската сметка, висината на платата  на Градоначалникот, преседателот  и членовите на советот.

„Секогаш имаме простор за уште подобри резултати и се надевам дека ќе продолжиме да работиме транспарентно и отчетно во интерес на сите граѓани“, додаде Коцевски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: