Четири водоводни линии за населба Речани

Naselba Recani

Во сабота во Скопје Градоначалникот Коцевски заедно со Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и претставниците на ТАФ ТЕПЕ АФКЕН – Инвестиционo Градежно и Оперативно Акционерско Друштво од  Република Турција со подружница во Скопје, ќе го потпишат договорот за реализација на проектот „Изградба на секундарни водоводни линии за водоснабдување во населба „Речани“. Предвидено е да се изградат четири водоводни линии.

Zito akcija 640x289px

„Средствата за изградба на водоводните линии се обезбедени од ТАВ Македонија како противредност на тоа што ТАВ Македонија нема да гради аеродром во Штип. Тие средства се доделуваат на општините за изградба на инфраструктурни и други видови на проекти“, рече Коцевски на денешната прес конференција.

Agria

Вкупната вредност на овој проект е нешто помалку од 9.000.000 денари.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22124/rabotnik-pochinal-dodeka-izvrshuval-rabotni-zadachi-vo-veleshko-luganczi/