Од вкупно 4 086 граѓани што се пријавиле на повикот на Министерството за економија, 1 250 ќе добијат потврда/ваучер за летување во некоја од туристичките дестинации во земјава.
Од ресорното министерство велат дека вработени во Секторот за туризам телефонски ќе ги контактираат апликантите чии барања се одобрени. По завршување на евалуацијата, списокот со добитниците ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството.
Ваучерите се наменети за лица со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не надминуваат нето-износ од 30 000 денари.
Ваучерите ќе може да се користат во угостителски објекти лоцирани во туристичките центри во Македонија, за што Министерството за економија веќе објави листа. На списокот се вкупно 76 угостителски објекти, хотели и туристички агенции ширум државата.
Списокот каде што може да летуваат оние со ваучер, можете да го погледнете тука.
Можеби ќе ве интересира: