Сите оние туристи кои што нема да бидат вакцинирани против ковид-19 нема да им биде дозволено да влезат во Канада некое време, бидејќи владата не сака да го загрози напредокот постигнат во борбата против коронавирусот, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.
„Веднаш можам да ви кажам дека тоа нема да се случи уште некое време“, рече Трудо на новинарско прашање кога Канада ќе дозволи влез на невакцинирани туристи во земјата, објави Ројтерс.
Премиерот Трудо додаде дека во следните недели ќе може да каже нешто повеќе за тоа кога канадските граници ќе може да се отворат повторно за целосно вакцинираните туристи.
Можеби ќе ве интересира: