Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема ниту оздравени пациенти . Бројот на активни случаи во градот е два.
Во последните 24 часа се направени 3.404 тестирање, а регистрирани се 13 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 7, Скопје – 6.
Регистриран e еден оздравен пациент, не се регистрирани починати пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172.
Можеби ќе ве интересира: