Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР и додаваат дека околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.
Утре попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.
Можеби ќе ве интересира: